Лукашенко: Западот би сакал да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина и на така да заврши со нас

Сподели со своите пријатели

Западот сака да ја „турне“ Белорусија во војната во Украина за нашите граници да останат незаштитени, изјави претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, а пренесува државната агенција „Белта“.

Loading...

Според белорускиот претседател, „после тоа брзо би завршиле со нас, бидејќи не би можеле ниту да се вратиме од Украина за да се заштитиме“.

„Ова е тактика. Нивната стратегија е попатно да се пресметаат со Русија и со нас, за да не почнат пак – како во август 2020 година. Ги сфативме нивните планови и не само тоа: имаме доволно информации во прилог на тоа“, објасни Лукашенко.

Претходно, белорускиот претседател изјави дека Белорусија никогаш немала намера да војува со Украина и никогаш не ги распоредила своите вооружени сили таму.