Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, од 28 февруари до 2 март ќе престојува во официјална посета на Народна Република Кина, пренесува агенцијата БелТА, повикувајќи се на прес-службата на претседателот на Белорусија.
Loading...
Лукашенко ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, а главни теми на разговор ќе бидат развојот на трговската, економската, инвестициската и хуманитарната соработка, реализацијата на заеднички проекти, соработката во политичката сфера и одговорот на актуелните меѓународни предизвици.
Се очекува по разговорите да бидат потпишани голем број документи за развојот на односите во клучните области, јави Танјуг.