Белорускиот претседател Александар Лукашенко се закани дека ќе биде подготвен да го прекине транзитот на енергија доколку Полска ги затвори своите граници.
– Мислите дека кога ќе ме задушат Полјаци или други, ќе размислувам за некои договори? Што зборувате – изјави Лукашенко во интервју за РИА Новости.
На прашањето дали мисли на тоа, тој одговори потврдно.
– Полјаците одлучија да ја затворат границата со Белорусија. Па добро, затворете ја. И онака не одиме често во Европската унија – рече Лукашенко.
Тој посочи дека денес интересот на Белорусија е во Русија, Кина и најмногу на Истокот.
– Што ако ја затворам границата? Што ќе биде со протокот од Русија и Кина, кој во најголем дел минува низ нас – рече Лукашенко.