Лукашенко потпиша закон за формирање на народна милиција

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко го потпиша законот за народна милиција, соопшти неговата прес-служба.

Loading...

„Документот создава правна основа за доброволно учество на граѓаните во одржување на редот во воената состојба, воведена во административно-територијалните единици на републиката“, се наведува во документот, пренесува агенцијата Белта.

Се додава дека документот овозможува дополнителни услови за пружање помош на полицијата во извршувањето на работните задачи и заштита на имотот од сите форми на криминална злоупотреба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Работата на црно е се поголем проблем во Германија: Државата поради тоа изгубила 615 милиони евра