Лукашенко помилува 15 осуденици

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска потпиша указ за помилување на 15 осуденици.

Loading...

Пет жени и тројца мажи кои извршиле екстремистички злосторства беа помилувани.

Пет од нив имаат деца, а една жена е бремена, пренесува агенцијата Белта.

Се наведува и дека седум лица, меѓу кои три жени, осудени за трговија со дрога, биле помилувани, а шестмина од нив делата ги извршиле како малолетни.

На еден осуденик кој извршил кривично дело како возрасен му бил дијагностициран рак.

Во текот на изминатата година, Лукашенко помилува 293 лица, пренесува Танјуг.

Претседателските избори во Белорусија ќе се одржат во недела на 26 јануари 2025 година, а граѓаните ќе избираат меѓу пет кандидати, меѓу кои и актуелниот претседател Александар Лукашенко, кој е шеф на државата од 1994 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовен убиец од Саутпорт ја шокираше Британија: Мило ми е што децата се мртви