Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека белоруските авиони се модифицирани за да можат да носат нуклеарно оружје.
„Еднаш јас и Путин изјавивме во Санкт Петербург дека ќе ги модификуваме белоруските авиони Су-24 за да можат да носат нуклеарно оружје. Се е готово“, рече Лукашенко, пренесува Белта.
Тој посочи дека Белорусија е подготвена соодветно да одговори на заканите од Западот.
„Тие мора да разберат дека ако почнат да ескалираат, нема да ги спасат ниту хеликоптери, ниту авиони“, додаде Лукашенко.
Зборувајќи за трансферот на американската воена опрема на Исток, Лукашенко рече дека го предупредил Западот и дека Минск во случај на сериозна провокација против Белорусија ги дефинирал целите.
„Центрите за одлучување – знаеме кои се. Не се заканувам никому“, додаде Лукашенко.