Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека очекува во наредните денови да разговара со неговиот руски партнер Владимир Путин за можното распоредување на одбранбените системи Искандер и С-400 во Белорусија, пренесува Си-Ен-Ен.
– Ќе разговараме со претседателот на Русија како да зајакнеме од тука во западна насока. Денес се консултиравме со армијата и откривме дека би било пожелно таму да се стават ракетните системи Искандер и некаде да се постават еден или два баталјони С-400, за да можеме да ја следиме ситуацијата до Берлин“, изјави Лукашенко на државата новинската агенција Белта.
Тој вели дека овие одбранбени системи не се неопходни, но се пожелни.
– Сега најмоќното одвраќање би било опремата: Искандер и С-400 Триумф. Можеме без нив, но би било убаво. Тогаш тешко би дошле овде – додаде Лукашенко.
Белорусија и Русија имаат блиски воени врски, а руските војници неодамна беа распоредени во Белорусија на воени вежби.