Лукашенко: Белоруските трупи не учествуваат во руската операција

Сподели со своите пријатели

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека белоруските вооружени сили не учествуваат во воената операција на Русија против Украина, пренесе агенцијата Белта, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Нашите војници не учествуваат во оваа операција“, нагласи Лукашенко.

Украинската гранична служба претходно објави дека руски војници ја нападнале Украина од Белорусија, како и од Русија со белоруска поддршка, околу 5 часот наутро по локално време, според Ројтерс.