Лука Чомбе и Таско ја претставија својата најнова песна со наслов „Мариа“, која веднаш го привлече вниманието на публиката.
Музиката и текстот се оригинално дело на Лука Чомбе и Таско, а продукцијата ја потпишува WHITESHINE, додека миксот и мастерингот се во рацете на Ивајо и Давид Ивановски.
Со професионален пристап и внимателно изработен звук, „Мариа“ го носи препознатливиот печат на Urban Records.
Видеото е во режија на Никола Наумовски, кој стои и зад камерата заедно со Горан Божиновски. Монтажата, исто така, е дело на Наумовски, кој успеал визуелно да ја долови енергијата на песната.
Со „Мариа“, Лука Чомбе и Таско уште еднаш потврдуваат дека се меѓу највлијателните имиња на новата генерација музичари на домашната сцена, а песната ветува да биде неизбежен дел од плејлистите ова лето.
Доколку се уште ја немате слушнато песната, можете да го сторите тоа во продолжение:
Никола Ивановски