Ќерката на актерот кого Балканот го обожаваше беше избрана за мајското издание на германскиот „Плејбој“.
Имено, Хејли Хаселхоф е ќерка на „Мич“, односно Дејвид Хаселхоф, ѕвездата од серијата „Чувари на плажата“. Малку е познато дека Германците „полудеа“ по актерот до тој степен што тој имаше забележителна пејачка кариера во нивната земја, каде издаде и албум.
View this post on Instagram
Две децении подоцна, неговата наследничка ја освојува Германија.
Инаку, Хејли е првиот модел „плус сајз“ на насловната страница на ова списание за мажи. Таа исто така се заблагодари за поддршката на нејзиниот тим.
View this post on Instagram
– Ви благодарам што ми дозволивте да бидам првата девојка со облини што ја краси насловната страница на „Плејбој“. Се чувствувам ослободено што го направив овој момент со вашата прекрасна екипа – напиша таа.
View this post on Instagram