Луѓето разочарани од скапиот стек: „Ресторанот на Нусрет е очаен“

Сподели со своите пријатели

Ресторанот во сопственост на интернет сензацијата Нусрет Гокче, познат како Salt Bae, е оценет меѓу најлошите во Лондон од страна на TripAdvisor.

Loading...

Стекхаус Nusr-Et, кој ги отвори вратите во Најтсбриџ пред девет месеци, беше погоден од низа лоши критики на TripAdvisor, каде што е рангиран на 17.426 од 17.495 ресторани во Лондон.

Ресторанот доби 73 страшни оценки од посетителите, девет лоши, пет просечни, три многу добри и 28 одлични оценки на страницата.

Неговиот просечен рејтинг е две ѕвезди. Ресторанот исто така се најде на 265-то место од вкупно 265 бифтек-куќи во Лондон.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скоро и никој да не знае дека оваа убава жена ја измислила Wi-Fi конекцијата (ВИДЕО)

Меѓу најновите критики беше една која гласи: „Очигледен специјалитет е месото. Суво. Суво, суво, суво. Зачинето. Очигледно, Salt Bae штеди на сол, како и на секој друг вид на вкус“.

 

 

Loading...

Други додаваат дека консумирањето храна во овој ресторан е „губење пари“ и се користи исклучиво за „фалење на социјалните мрежи“. Некои отидоа дотаму што неговиот ресторан го нарекоа „едно од најлошите места за јадење“.

„Ужасен стек, грубо послужување, огромна сметка. Дефинитивно повеќе нема да одам во овој ресторан. Не го препорачувам”, пишува во рецензијата.

Меѓу многуте лоши, имаше (неколку) добри критики, од кои една вели дека ресторанот е „импресивен и апсолутно неверојатен“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Важела за најгрда жена на светот, но од тоа заработила цело богатство (ВИДЕО)

Многумина се пожалија и на високите цени. На пример, стек од златен џин Томахавк обложен со злато чини 850 фунти.

 

 

Ова не е првпат Нусрет Гокче да наиде на критики за неговата работа. На почетокот на годината во својот ресторан во Лондон на Инстаграм ја претстави „новата генерација хамбургери“.

Loading...

Во видеото тој го снимил целиот процес на правење хамбургер кој вклучува поинаква техника од онаа на која сме навикнати досега. Готвачот не ги воодушеви следбениците со конечниот резултат.

„Кој сепак сака ваква плескавица?“, „Престани да трошиш храна“, „Се прашувам колку ќе чини ова допрва, можеби 10.000 фунти?“, „Ова е одвратно“, се само дел од коментарите под објавеното видео .

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТОЧКА НЕМО: Водена гробница каде вселенските летала одат „да починат“