Луѓето користеле дроги и пред 3.000 години, открива истражувањето

Сподели со своите пријатели

Луѓето користеле дрога и халуцинирале пред 3.000 години во денешна Шпанија, открива новото истражување.

Loading...

Научниците пронајдоа прамени коса на гробишта на Балеарскиот остров Менрока, што укажува на тоа дека древна човечка цивилизација користела опијати направени од растенија.

Се верува дека ова е најстариот доказ за човечка употреба на халуциногени дроги во Европа.

Со користење на овие супстанци, тие паѓале во делириум и халуцинирале, откриле научниците.

Според истражувањето објавено во списанието Scientific Reports, знаци на човечко присуство се откриени во пештерата Ес Кериџ на југозападниот дел на островот Менорка.

Пештерата, во која се откриени повеќе од 200 човечки гробови, според научниците била место каде што се одржувале ритуали и погребувања 600 години, до 800 година пред нашата ера.

Истражувачите пронашле супстанции кои можат да бидат многу силни, а се користени за време на ритуали.

Веројатно ритуалите ги правеле шамани „кои можеле да контролираат дрогирани луѓе“.

Loading...

Анализата на прамените коса, кои биле обоени во црвено за време на древните ритуали, открила три психоактивни супстанци.

Покрај атропинот и скополаминот, кои предизвикуваат халуцинации, откриен е и ефедрин, кој ја зголемува енергијата и поттикнува будност.

Истражувачите забележале и дека во пештерата биле пронајдени кутии со спирални мотиви врежани во капаците.

Научниците, според извештајот, ги поврзуваат овие резби со „променети состојби на свест“ на личност која била под влијание на халуциногени.

Досега, претпоставките за употребата на дроги во праисториска Европа се засноваа на мотивите на халуциногени растенија во античките слики.