Луѓето ги споделуваат најлошите бебешки имиња за кои слушнале, има навистина чудни имиња

Сподели со своите пријатели

На Твитер се појави доста интересна дискусија. Едно лице праша „Кое е најлошото име што некогаш сте го слушнале?“ А одговорите на другите беа неочекувани.

“Мојот колега го крсти бебето Јагодов Дожд. Името би било одлично ако има родено шампон”, напишала една жена.

“На колеџ, ја запознав ЏениферТ. ЏениферТ со Т ?. Зошто? Нејзините родители сакаа таа да биде поинаква”, вели друга личност.

“Моите деца одеа на училиште со деца кои ги имаа имињата Нептун, Галакси и Уран. Не, тоа не е мит”, тврди трето лице.

 

 

Имињата Кокаин, Фелани, Квиилин и Рајнбо се исто така на оваа необична листа, а вистинско изненадување е што никој не го спомена X Æ A-12, односно името на детето на Илон Маск и пејачката Грајмс.

Дискусијата беше завршена од наставник кој во своето одделение имаше момче по име Џакузи.

„Беше забавно“, напиша таа.