Невообичаена сцена се случила во болница во Колумбија, кога крава влетала во чекална зачудувајќи ги пациентите и започнала со своето стампедо, пренесуваат светските медиуми.
Според „Њујорк пост“, инцидентот се случил во болницата Сан Рафаел во градот Антиокија, кога крава упаднала во чекалната, а исплашените луѓе почнале да бегаат, без оглед како да се спасат.
Видеото покажува како животното стутка неколку луѓе во еден агол од просторијата и почнува да ги удира со глави и копита. За среќа, неколку луѓе успеаја да го фатат јажето што се наоѓаше околу вратот на кравата, а потоа го повлекоа заедно, ја тргнаа од тие луѓе и некако ја смирија.
За среќа, никој не бил сериозно повреден за време на настанот, објавија локалните медиуми. Сепак, една жена претрпела полесни повреди откако била нагазнета од кравата. За време на инцидентот биле оштетени и два мотори и неколку штандови во чекалната.
Според локалните медиуми, сопственикот на животното се вратил во болницата да им се извини на луѓето за инцидентот, а исто така да се распраша за причинетата штета и здравствениот билтен на повредените лица.