Лозови садници, житна култура и нискостеблеста шума вчера изгореле во пожар во кумановските села Клечовце и Довезенце.
– На 25.06.2025 година во 14.41 часот во СВР Куманово било пријавено дека во селата Клечовце и Довезенце, кумановско, настанал пожар, при што била зафатена нива со жито, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане во 19.20 часот пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Како што информираат од Територијалната противпожарна единица Куманово по примен повик во 15:30 часот на терен изглегла екипа со двајца пожарникари, а подоцна на помош пристигнале уште четворица пожарникари од Куманово со две противпожарни возила.
Во гаснењето на пожарот учествувале и локални мештани од селата.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово, при што било утврдено дека пожарот настанал на приватен имот, сопственост на С.А, М.В. и М.Ц.. а биле зафатени повеќе лозови садници, житна култура и нискостеблеста шума.
Никола Ивановски