Единствениот примерок на женска бела жирафа во Кенија и нејзиното младенче беа убиени од ловокрадците во резерват на истокот на земјата, соопшти во вторникот тамошната организација.
Ова исклучително ретко животно не е забележано во ниту една друга земја во светот.
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Жирафите немаат гласни жици, а слоновите не можат да скокаат
Остатоците на двете жирафи со бела боја на кожата заради многу ретка пигментација биле пронајдени откако биле убиени од ловокрадците во резерватот Гариса, во Источна Кенија.
Сега останува само една машка бела жирафа, чија мајка беше убиена од ловокрадците, се вели во соопштението на организацијата Ишакбини Хирола која управува со резерватот.
Белата жирафа го привлече вниманието на јавноста во 2017 година кога за прв пат беше откриена во кенискиот резерват и кога роди две младенчиња, од кои последната дојде на свет во август 2019 година.
15 факти за животните кои не ги знаат ниту сите зоолози
Белите жирафи немаат карактеристики на албинизам, туку генетска состојба наречена леуцизам, која се должи на недостаток на пигмент и која е откриена кај некои бели тигри.