Ловците на урагани ја дочекаа Ајда во Луизијана: Снимени првите кадри од центарот на бурата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во државите Луизијана, Алабама и Мисисипи во САД е прогласена вонредна состојба, а милиони луѓе се уште се обидуваат да се евакуираат, иако ураганот Ида пристигна на брегот.

Ловците на урагани успеаја да „влезат“ во епицентарот на бурата и да снимат неверојатни снимки.

Ураганот Ида е многу разорна бура од четврта категорија, која доби значителна сила додека се движеше низ Мексиканскиот Залив.

Брзината на ветерот е 240 километри на час, објави Националниот центар за урагани.

Ураганот Ида може да поплави добар дел од крајбрежната област Луизијана.

Погледнете како изгледа меѓу облаците.