Лоши вести за Милан: Ибрахимовиќ со нов позитивен тест за КОВИД-19

Сподели со своите пријатели

Sвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ и дефанзивецот на „росонерите“, Лео Дуарте, сè уште не се излекувани од коронавирусот. И двајцата дадоа нови позитивни тестови за КОВИД-19, открива „Скај Спорт Италија“. Во последните часови тестовите на играчи кои не патуваа на натпреварите на репрезентациите беа негативни, но Ибрахимовиќ и Дуарте се уште се борат со коронавирусот.

Loading...

Милан се соочува со Интер на дербито во Милано на 17 октомври и ризикува да го загуби својот влијателен напаѓач, кој е аут од третото квалификациско коло во Лигата на Европа против Бодо / Глим.

„Росонерите“ не се единствените кои имаат проблеми со КОВИД-19 пред следната рунда во Серија „А“, Џенова е најпогодениот клуб во Италија, па можеби дури и ќе мора да патуваат со младинскиот тим за мечот со Верона на 18 октомври.

Влатче Зорба

Leave a Reply