Американската трговска фирма „Нордсторм“ следниот месец во Лос Анџелес ќе отвори трговски центар без ниту едно парче стока.
Фирмата од Сиетел која има ланец на трговски центри со скапа и лускузна облека, вели дека тоа ќе биде првата „концептуална“ продавница.
Во неа ќе работат лични стилисти кои по својата проценка на муштеријат аи во договор со нив ќе нарачуваат артикли за посебни клиенти.
„Нордсторм“ вели дека муштериите во таа продавница ќе може на компјутери онлајн да бираат и купуваат стока и да ја преземат истиот ден.
Покрај тоа ќе им бидат понудени и кројач и маникир. Новата продавница ќе се протега на само 279 метри квадратни, додека просечните продавници на оваа компанија имаат површина од 13.000 квадратни метри.