Лондонската полиција истражува сомнителен пакет во близина на британскиот парламент

Сподели со своите пријатели

Лондонската полиција објави дека истражува сомнителен пакет во Вестминстер, делот од градот во кој се наоѓа британскиот парламент.

Loading...

Полицијата поради тоа постави заштитен кордон во тој дел на британскиот главен град, објави Ројтерс.

„Сомнителниот пакет пронајден во Вестминстер е пријавен во полиција во 11.27 часот“, изјавија од полицијата за Ројтерс.

Се додава дека на ова место ќе останат заштитните кордони до завршување на истрагата, а ќе бидат затворени и улиците во близина.