Локални избори во октомври, мандатите на градоначалниците продолжени

Сподели со своите пријатели

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на четвртата седница ги донесоа потребните измени во Изборниот законик, со што локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври, а до тогаш на власт остануваат поранешните градоначалцни и советници чии мандати се продолжени.

И оваа одлука, како и одлуката за укинување на екстерното тестирање се донесе без пратениците од опозицијата, кои поради обидот за буство на Никола Тодоров не присуствуваа на седниците.