ЛНР тврди дека речиси целата нејзина територија е ослободена

Сподели со своите пријатели

Министерството за надворешни работи на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) соопшти дека „речиси целата територија на републиката е ослободена“ од украинските војници.

Во соопштението се наведува дека силите на Народната милиција на таа самопрогласена република ослободиле 73 населени места во ЛНР и ДНР, пренесува Спутник.

 

Украинска армија: Русите се деморализирани, тешко напредуваат и ја менуваат тактиката

 

Се додава дека под контрола на вооружените сили на Украина останале уште неколку градови: Рубежно, Северодонецк, Лисичанск, Золото, Попасна и некои соседни села.

– На ослободените територии на Републиката продолжуваат да дејствуваат неколку расфрлани националистички банди – остатоци од вооружени формации потиснати од ослободените населби и утврдените области. Работите на нивното пронаоѓање и ликвидација продолжуваат – се додава во соопштението.