Актерот Хафпор Тор Бјорнсон, на сите попознат како „Планина“ од серијата „Игра на тронови“ и неговата мала сопруга Келси во септември минатата година добија син. Поради разликата во висина (половина метар) и тежина (130 кг), секоја нивна слика предизвикува големо внимание, па така беше и со оваа.
Тој изгуби 50 килограми со цел да добие мускулна маса. Актерот и бодибилдер ја објави трансформацијата на социјалните мрежи.
„Од 205 до 155 килограми. Снимив на ЈуТјуб како изгледа еден ден. Еве што јадам и како вежбам”, објави Хафпор на Инстаграм.
Во документарец на Јутјуб, Хафпор покажа како изгледа неговата рутина во теретана и како јаде.
View this post on Instagram
Поголемиот дел од неговата диета се состои од овошје, јогурт и овесна каша наутро, а потоа преминува на месо, ориз, пилешко, компири и зелена салата.
Актерот сè уште јаде, за просечна личност, премногу, но сè со цел да изгледа како изгледа денес.