Русин и Украинка, бегалци од Украина, се венчаа на мексиканско-американската граница.
Украинката Дарија Сахнјук и Русинот Семен Бобровски, баратели на азил во САД, се венчаа на мала церемонија во матичната служба на мексиканскиот пограничен град Тихуана.
„Многу сум среќна што запознав многу добри луѓе, кои ни помогнаа да организираме свадба овде во Мексико, во Тихуана“, рече Сахнјук, пренесува BBC.
И двајцата живееле во Украина пред конфликтот и планирале да се венчаат во Киев, изјавиле за ТВ Телемундо, пренесува британската мрежа.
– Многу сум среќна што запознав многу добри луѓе кои ни помогнаа да се венчаме во Мексико – изјавила Дарија.
По церемонијата, парот го прослави 27-от роденден на Дарија на традиционален мексикански начин.
Според градскиот совет на Тихуана, двајцата дошле во Мексико пред две недели.
Семен не можел да побара азил во САД, поради имиграциското правило, според кое им е дозволено само на граѓаните на Украина кои бегаат од конфликтот.
Сега кога Семјон се оженил со Украинка, парот се надева дека ќе им биде дозволено да влезат во САД и повторно да се сместат во Њујорк.