Љубов во време на војна: Резервисти се венчаа на контролен пункт во Украина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Видео објавено на Твитер сведочи дека војната меѓу Русија и Украина не може да ја спречи љубовта меѓу две лица.

Loading...

Имено, објавено е видео на кое се гледаат двајца украински резервисти, млад маж и девојка, на контролен пункт во Киев, кои среде хаосот решиле да се венчаат пред своите колеги.

– Беше момент на навивање за украинските резервисти на контролниот пункт во Киев кога брачниот пар, двајцата припадници на единицата за територијална одбрана на Украина, решија да ги разменат венчалните прстени пред соборците и воениот капелан – се наведува во соопштението.

Оваа објава трогна многу корисници на оваа социјална мрежа.

И на двајцата ви посакувам среќен брачен живот – гласи еден од коментарите.

Ова е толку трогателно – изјави еден корисник.

 

Loading...