Љубопитен комшија го исекол дрвото за да ја гледа соседката како се сонча

Сподели со своите пријатели

Очајна мајка побарала помош на форумот „Мумснет“ откако открила дека љубопитен сосед и исече дрво во нејзината градина за да може да ја гледа додека се сонча, пишува Мирор.

Loading...

Самохраната мајка, која неодамна се разведе, објасни дека нејзините соседи се генерално многу љубезни и секогаш се тука да и помогнат, да ги нахранат мачките или да ги извадат корпите за отпадоци. Сепак, еден од нив е „неверојатно љубопитен“.

-Кога се сончав на трамболина ми испрати порака да провери дали сум добро бидејќи „забележа“ дека спијам некое време. Toj редовно коментира што правев кога бев во градината – напиша таа на форумот.

 

 

– Му реков во неколку наврати да престане да ме шпионира кога бев во градината, пред неговата сопруга, која беше на моја страна – истакна таа.

Несреќната жена во својата градина има дрво кое ја штити од љубопитните очи. Меѓутоа, кога неодамна дошла дома, забележала дека е спуштена до нивото на оградата.

Loading...

– Лутa сум. Напролет, мојот партнер ќе изгради настрешница над терасата што ќе крие се од љубопитниот сосед. Ова сега тотално ме полуде – рекла очајната мајка.

После тоа таа побарала совет од корисниците на форумот како да постапи во таа ситуација.

„Тој не може да пресече дрво во вашата градина, ние можеме само да ги исечеме гранките што се протегаат во неговиот двор“, „Тој мора да ви купи ново, затоа што намерно го оштетил вашето“, се само дел од советите.