Љубителите на хорор филмови подобро ја поднесуваат пандемијата

Сподели со своите пријатели

Обожавателите на хорор филмовите полесно се справуваат со пандемијата на коронавирусот, покажа истражувањето на истражувачите од САД и Данска, засновано на 310 испитаници.

Loading...

Чувства и ментално здравје

Истражувачите регрутирале 310 учесници и им поставиле низа прашања во врска со видовите филмови и ТВ-емисии што им се допаѓале, за тоа дали гледале фимови со тематика со пандемија, а потоа ги прашале колку се согласуваат или не се согласуваат со 13 прашања за нивната емоционална состојба ( како „Повеќе сум депресивен од вообичаеното“) и начинот на размислување (како „Се чувствувам позитивно кон иднината“) за време на раните денови на пандемија.

Имено, истражувачите сакале да видат дали „екстремните чувства“ предизвикани од ужас можат да имаат корист за нашето ментално здравје во време кога секој ден сега е буквално во нешто „застрашувачки“ околности.

Резултатите од студијата неодамна беа објавени во списанието „Personality and Individual Differences“ и откриле дека оние испитаници кои посочиле дека се љубители на хорор филмови, доживеале пониско ниво на психолошки стрес за време на пандемијата отколку оние кои претпочитале други жанрови.

„Иако повеќето луѓе гледаат хорор филмови со намера за чиста забава, а не да научат нешто од нив, таквите филмови сè уште имаат бројни можности за учење. Фикцијата им овозможува на публиката да истражи имагинарна верзија на светот и преку фантастиката луѓето можат да научат како да избегаат од опасните предатори, како да се справат со некои нови социјални ситуации, но и да ги вежбаат своите вештини да ги предвидат другите и да ги изразат своите чувства“- објаснуваат авторите на студијата.

„Една од причините зошто гледањето хорор филмови може да доведе до помали психолошки проблеми во стресни ситуации е тоа што хорор фантастиката и овозможува на својата публика да практикува справување со негативни емоции во безбедна средина. Искуството на негативни емоции во безбедна средина, на пример за време на хорор филм, може да им помогне на поединците совршени стратегии за справување со страв и помирно справување со ситуации кои предизвикуваат страв во реалниот живот“, заклучуваат авторите на студијата врз основа на добиените одговори од љубителите на хоророт и оние кои не преферираат таков филмски жанр.

Со фокус на хорор филмовите, истражувачите комбинирале четири специфични филмски теми (инвазија од вонземјани, апокалиптични, постапокалиптични и зомби жанрови) во една категорија што ја нарекоа „prepper“ жанр, а prepper е име што се користи за луѓе кои во реалниот живот активно се подготвуваат за апокалипсата со собирање залихи, градење засолништа итн.

Loading...

Испитаниците кои покажале дека најмногу уживаат во овие филмови, исто така биле подобро психички подготвени за пандемија и искусиле „помалку негативни нарушувања“ во нивните животи за пандемиите.

Покрај основните 13 прашања, од учесниците било побарано да оценат т.н. морбидна скала на љубопитност, проценка на 24 ставки што го одредуваат нивниот интерес за „непријатни работи“, вклучително и смрт.

Некои од тие 24 изјави од оваа скала вклучувале: „Ако би живеел во средновековна Европа, би бил заинтересиран да присуствувам на јавна егзекуција“ и „би бил заинтересиран да присуствувам или да гледам видео од егзорцизам“.

Морбидната љубопитност сега помага

Се покажало дека оние кои се најморбидно љубопитни имале повеќе позитивни искуства за време на пандемијата и дека тие биле меѓу оние кои, во моментот на вистинска пандемија, решиле да гледаат филм со тема измислена пандемија и инфекција.

Водечкиот автор на студијата, Колтан Скривнер од Универзитетот во Чикаго, изјави за VICE News дека оние кои биле морбидно љубопитни во оваа време би можеле да се сметаат и за позитивни, бидејќи, на пример, учат за пандемијата и како пандемијата влијае врз светот.

„Тоа, се разбира, не значи дека уживаат во пандемија, туку едноставно дека можат да најдат нешто интересно во неа, дури и ако е суштински ужасно“, рече Скривнер.

Оригиналното истражување било спроведено во април, за време на најголемата блокада, а на учесниците им биле поставени истите прашања еден месец подоцна. Резултатите биле слични.

Loading...

Научниците сега се прашуваат кои би биле резултатите со подолгото траење на оваа состојба.

„Целата поента е да научите да го прифаќате чувството на страв или вознемиреност и да научите како да го надминете тоа чувство. Би било интересно да се види колку трае овој ефект. Се разбира, шест месеци подоцна, тоа може да создаде нови проблеми за поединците, како што се осаменост или финансиска несигурност“, рече Скривнер.

Leave a Reply