Литванскиот претседател: Киев мора да биде вклучен во преговорите

Сподели со своите пријатели

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда изјави дека новата американска администрација мора да се погрижи Киев да биде целосно вклучен во преговорите за ставање крај на војната во Украина и дека решението за ставање крај на конфликтот не може билатерално да се определи од Вашингтон и Москва, објави денеска АП.

Loading...

Наузеда рече дека, дури и да се постигне прекин на огнот, Русија „нема намера да запре и не прави ништо“.

– Тие ќе го искористат овој прекин за да се консолидираат, да ги зајакнат своите воени капацитети и повторно да нападнат. Основното прашање овде е која ќе биде следната цел на Русија? Можеби Украина, можеби балтичките земји, рече Наузеда.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Злосторство во Курск: Петмина украински војници убиle 22 жители на руско село (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Наузеда изјави дека географската положба на Литванија – меѓу руската енклава Калининград и Белорусија – ја прави земјата ранлива на потенцијален поширок конфликт што Кремљ би го предизвикал дури и ако војната во Украина заврши.

– Ако живеете во овој дел од светот, никогаш не можете да се чувствувате безбедно, бидејќи ние ја имаме Русија за сосед и ќе ја имаме за 100 или 200 години. Секогаш ви се заканува опасност од исток, поради што мора да преземете превентивни мерки за да не бидете нападнати, рече Наузеда.

Тој оцени дека ова не е конфликт меѓу две држави, туку предизвик на рускиот претседател Владимир Путин кон НАТО.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков: БРИКС не бара нова валута, туку за заеднички инвестициски платформи