Литванскиот претседател Гитанас Наузеда потпиша декларација за вонредна состојба.
Оваа одлука се појави поради воената интервенција на руската армија во Украина.
Рускиот претседател Владимир Путин рано утринава соопшти дека донел одлука Русија да започне специјална воена операција во Донбас.
Украинската армија денеска соопшти дека соборила пет руски авиони и еден хеликоптер во областа Луганск, што Русија го негира.
Амбасадорите на НАТО утрово ќе одржат итна седница, изјави за Ројтерс неименуван претставник на Северноатлантската алијанса, откако Русија ја нападна Украина.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг побара од Русија веднаш да ја прекине воената акција и да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.