Литванија купува самоодни хаубици

Сподели со своите пријатели

Литванија најави купување на 18 самоодни хаубици од Франција, објавија министрите за одбрана на двете земји.

Loading...

Литванија, членка на ЕУ и НАТО, ќе инвестира дополнителни 300 милиони евра во воениот буџет за оваа година, бидејќи војната во Украина ја зголеми загриженоста за безбедноста во таа земја, пренесува Гардијан.

„Литванија ќе купи 18 хаубици Цезар Марк II. Тие значително ќе ги зајакнат одбранбените капацитети на литванските вооружени сили“, напиша на Твитер министерот Арвидас Анусаускас.