Заврши уште едно феноменално издание на Оскарите, кое повторно блесна со својата грациозност и елеганција. На тапет повторно беа луѓето инволвирани во филмската индустрија кои со нетрпение очекуваа да го слушнат своето име за да посегнат по една од најпрестижните награди – Оскарот.
Доколку не успеавте до крај да ја проследите оскаровската ноќ, во продолжение е листата на сите добитници на оскар за оваа година:
Најдобар филм: „Moonlight”- „Месечева светлина”
Најдобар актер во главна улога: Кејси Афлек („Manchester by The Sea” -„Манчестер Покрај Морето”)
Најдобра актерка во главна улога: Ема Стоун („La La Land” – „Ла Ла Ленд”)
Најдобар режисер: Дејмиен Чазел („La La Land” – „Ла Ла Ленд”)
Доколку не сте одвоиле време да ги изгледате филмовите кои беа номинирани, ви предлагаме тоа да го направите што поскоро, бидејќи и оние кои се закитија со најпрестижните наградни, но и оние кои не успеаа да го соберат Оскарот се феноменални дела кои апсолутно го заслужуваат вашето внимание.