Липковски и кумановски села денеска и утре без струја

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе бидат повеќе села од липковскиот крај. Така во период од 08:30 до 15:30 часот прекини со снабдувањето ќе има во дел од селата Слупчане,Оризаре, Алешевце, Извор, Белановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Прекини во мрежата се најавени и за утре во неколку кумановски села. Во истиот посочен период од 08:30 до 15:30 часот, струја ќе немаат дел од жителите на селата Пелинце,Никуљане,Алгуља,Коинце, Гулино и Враготурце.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа.