Липково е единствената општина од Североисточниот регион која има позитивен природен прираст, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Природниот прираст на Липково изнесува 33, а најголем негативен природен прираст има Општина Куманово, односно -38.
Во Куманово биле родени 260 деца, починале 298 лица, меѓу кои и едно доенче. Биле склучени 103 бракови, а забележани се и 24 разводи.
Во Општина Липково биле родени 90 деца, починале 57, меѓу кои и 2 доенчиња. Склучени и 90 бракови, а регистрирани се 3 разводи.


