Липковецот Садула Дураки стана вицепремиер

Сподели со своите пријатели

Кој е Садула Дураки?

Loading...

Тој е македонски политичар од албанска етничка припадност, роден на 21 јануари 1960 година во Липково. Со години е министер, а бил учесник и во Воениот конфликт од 2001 година.

Образование

Дипломирал на машинскиот факултет при универзитетот во Приштина во 1990 година.

УЧК и прекарот „Командант Вентили“

Дураку бил учесник во воениот конфликт од 2001. Тој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го добил прекарот командант Вентили, а за настанот бил отворен и судскиот предмет „Липковска брана“.

Функции

На функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓа од царинската управа каде ја вршел функцијата заменик-директор.

Loading...

Од 1997 до 2000 година бил наставник во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, а во периодот од 2000 до 2002 година е виш царински соработник во царинската управа.

Беше градоначалник на општина Липково во периодот 2009–2017.

Во 2017 година е назначен за министер за животна средина и просторно планирање.

Две години подоцна, во 2019 станува министер на новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, а од вчера и вицепремиер на Владата на РСМ.

Pages: 1 2

Leave a Reply