Дваесет и осумгодишник од липковското село Отља со закана со огнено оружје украл пари од таксист кој го превезувал од Куманово.
Loading...
Полицијата утринава го привела.
– На 23.01.2025 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Е.И. (28) од село Отља, општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, тој се сомничи дека со закана со огнено оружје одзел пари од такси возачот М.П.(45) од Куманово, кој го превезувал од Куманово до с.Отља.
– Е.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски