Лина, девојка од областа Баранкила на северот на Колумбија, води необичен љубовен живот со седум пензионери.
Во интервју пред камера, таа отворено зборуваше за својот живот, истакнувајќи дека е разочарана од нејзините врсници кои не ѝ обезбедуваат емоционална или финансиска стабилност.
Поради ова, таа се свртела кон постарите мажи, сметајќи ги за подарежливи и помалку барани.
Лина им пришла на постарите мажи на места каде што се собираат, како што е локалниот парк Боливар.
Флертувала со нив и им се препуштала, што резултирало со необични врски.
Мажите ѝ помагаат финансиски и се занимаваат со домашни работи како перење алишта, подготовка на храна и чистење.
Лина тврди дека не мора ништо да бара од постарите партнери, бидејќи тие ѝ дале се, знаејќи дека нема да најдат слична девојка на нејзина возраст, пренесува радио lakalle blu.
Нејзини партнери се Карл, Сајмон, Хесус, Пабло, Мануел и уште двајца чии имиња не се откриени.
Иако е на удар на критики и обвинувања за експлоатација на постари лица, Лина го брани својот животен стил како заеднички договор, а не како класична романтична врска.
Таа верува дека и двете страни имаат корист – таа добива финансиска стабилност и нејзините партнери дружење и наклонетост.
Сепак, некои се сомневаат во вистинитоста на нејзината приказна, сметајќи дека Лина на овој начин се обидува да добие популарност на социјалните мрежи.