Лилјана Спасевска избрана за в.д. републички јавен обвинител

Сподели со своите пријатели

Јавниот обвинител Лилјана Спасевска денеска е избрана за нов вршител на должност републички јавен обвинител, откако нејзиниот претходник по маратонската седница во Собранието на Република Македонија беше разрешен.

Ваква одлука донел Советот на јавни обвинители, кој пак денеска остана без совјот претседател Петар Аневски, како што вели поради лични и семејни причини.

Спасевска ќе ја извршува должноста до изборот на нов државен јавен обвинител на Република Македонија, процедура која се очекува да биде завршена по завршувањето на локалните избори закажани за 15 октомври.