Лилјак предизвика паника во авионот: Патниците го бркаа низ леталото (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Авион на „Ер Индија“ на пат кон Њуарк во САД бил принуден да се врати во Њу Делхи, откако патниците на летот доживеале блиска средба со лилјак, објавија локалните медиуми.

Loading...

Видео кое стана вирално се шири на индиските социјални мрежи: екипажот и шокираните патници со неверување гледаат лилјак како лета во Боинг 737.

Авионот заминувал од Делхи кон Њуарк според распоредот, но лилјакот бил забележан дури по околу еден час во воздух, објави новинската агенција АНИ. Тогаш капетанот решил да се врати во Њу Делхи.

Претставници на индиската цивилна авијација соопштија дека авионот се вратил и бил дезинфициран.

Лилјакот е пронајден мртов во одделот за деловна класа, изјавија официјални лица за АНИ.

Одделот за безбедност на летовите на индиската компанија ќе спроведе детална истрага.

Сепак, „Ер Индија“ во својот прелиминарен извештај рече дека можностите за „несакани цицачи“ доаѓаат од трети лица, како што се оние што се користат за угостителство.

Патниците биле пренесени во друг авион кој слетал во Њуарк со одредени одложувања, се наведува во извештајот.

Loading...

 

Leave a Reply