Ликвидација во Атина, маж изрешетан со 10 куршуми

Сподели со своите пријатели

54-годишниот геодет Панајотис Статис вчера беше брутално убиен во главниот град на Грција, откако бил изрешетан со 10 истрели од пиштол.

Loading...

Од полицијата велат дека ова убиство наликува на мафијашко убиство, дека било добро испланирано и дека го извршил професионалец, пишуваат грчките медиуми.

Панајотис и неговиот партнер биле сопственици на геодетската фирма пред која бил убиен.

Во последните години тие воделе важни проекти на островот Миконос и Кикладите.

Тој и неговиот кум купиле земјиште на Миконос, на кое почнале да градат луксузни вили.

Полицијата се уште не го открива мотивот за убиството.

Егзекуција во мафијашки стил

Напаѓачот бил на мотор и успеал брзо да побегне откако возел до автомобилот и го застрелал геодетот.

Полицијата од местото на злосторството извадила најмалку 15 чаури, а од аудио снимката од моментот на пукањето се гледа дека сторителот испукал дожд од куршуми, паузирал неколку секунди, а потоа го испукал последниот истрел.

Loading...

Полицијата за убиството била известена околу 8:30 од деловниот партнер на жртвата, кој е сопственик на БМВ-то во кое бил геодетот кога бил ликвидиран.

Не е јасно дали тој бил сведок на пукањето.

Полицијата утврдила дека убиениот нема криминално досие, но дека пред три години пријавил дека бил претепан.

Полицијата потоа го истражувала случајот, но никој не бил приведен или осуден.