Лидерот на Хезболах им честиташе на Палестинците за примирјето

Сподели со своите пријатели

Лидерот на либанското милитантно движење Хезболах, Наим Касем, им честиташе на Палестинците за постигнувањето договор за прекин на огнот во Газа, истакнувајќи дека договорот ја докажува „истрајноста на отпорот“ против Израел.

Loading...

„Овој договор, кој остана непроменет од предлогот од мај 2024 година, ја докажува упорноста на групите на отпорот кои ги постигнаа своите цели додека Израел не беше во можност да го постигне она што го сакаше“, рече Касем, според Ројтерс, пренесува Танјуг.

Израел и Хезболах постигнаа договор за прекин на огнот во ноември минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нема повредени при падот на ракета од Јемен кај Ерусалим