Лидерите од Г20 повикаа на зголемување на хуманитарната помош за Газа

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Г20 на самитот во Бразил усвоија заедничка декларација со која се бара зголемување на хуманитарната помош за Газа и крај на војната во Украина, но не успеаја да постигнат целосен консензус.

Loading...

Иако лидерите изразија загриженост за хуманитарни катастрофи, тие не се согласија за сите точки.

Аргентина беше единствената земја која не го потпиша целиот документ, поради несогласувања околу одредени формулации, пренесува АП.

Самитот се одржа во време кога глобалните тензии околу војните во Украина и на Блискиот Исток се во пораст.

Во декларацијата директно не се обвини ниту една страна во конфликтите, но се испушти секое спомнување на „страдањето на Израел“, што предизвика контроверзии, со оглед на силната поддршка на Соединетите Американски Држави за Израел.

Исто така, иако беше истакната хуманитарната ситуација во Украина, Русија не беше директно спомената, додека отсуството на рускиот претседател Владимир Путин на самитот, поради обвинувањата на Меѓународниот суд за воени злосторства, дополнително укажа на политичките разлики меѓу лидерите, пренесе Ксинхуа. .

Декларацијата вклучуваше повик за глобален данок на милијардерите, како и реформи кои ќе овозможат проширување на Советот за безбедност на Обединетите нации.

Тие, исто така, разговараа за важноста од реформирање на меѓународните организации, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН, и подобрување на глобалниот трговски систем.

Loading...

Лидерите се согласија дека е неопходно да се зголеми улогата на земјите во развој во одлучувањето во рамките на економските и финансиските институции и да се решат глобалните предизвици како што се нееднаквоста, гладот ​​и климатските промени.