Лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд на самитот на НАТО во Вилнус

Сподели со своите пријатели

Лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд планираат средба на маргините на самитот на НАТО од 11 до 12 јули во Вилнус, Литванија, јавува Ројтерс, цитирајќи јапонски медиуми.

Loading...

Состанокот на четирите земји кои се азиско-пацифички партнери на воениот пакт предводен од Соединетите Американски Држави претходно се одржа во Шпанија во јуни минатата година.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна разговараше со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Токио.

Во заедничката изјава, двете страни ја истакнаа кинеската „воена закана“, а Кишида рече дека Јапонија ќе го разгледа редовното учество на состаноците на Северноатлантскиот совет и соработката со НАТО во азиско-пацифичкиот регион, пренесува Танјуг.