Вчера во 06.40 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицето З.Ј. (23) од село Слупчане, општина Липково, се наоѓа на „стоп листа“ за издржување казна затвор.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, тој бил приведен и предаден на полициски служеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.