Вчера во 09.50 часот на Граничен премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека лицети М.Ш. (27) од село Голема Речица, тетовско, се наоѓа на Стоп-листата за издржување казна затвор во траење од две години и еден месец за сторено кривично дело по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
Како што информираат од полицијата, тој бил лишен од слобода и во 13.05 часот бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.