Лицата со попреченост корисници на двата Дневни центри за лица со посебни потреби денеска во кумановскиот театар се одржаа музичко-сценски перформанс под насловот „Пат околу светот“, во пресрет на одбележувањето на трети декември, Ден на лицата со пречки во развојот.

Музичкиот хепенинг е со цел да ги интегрира лицата со посебни потреби во секојдневното општество, а е под покровителство на Општина Куманово и УНДП.
Нашето учество на денешниов настан е со ограничени ресурси, меѓутоа од друга страна пак успеавме преку програмата Општокорисна работа да ги вклучиме децата со попреченост и да им обезбедиме редовно образование. Би сакала да им честитам посебно на градоначалникот и на општината Куманово што ги организираат овие настани , јас сум овде по трети пат во Куманово и многу ми е драго што се организираат вакви претстави кои што покажуваат дека децата со попреченост , не дека се попречени туку имаат други аспекти и други моменти од својот живот преку кои што можат своите капацитети да ги искажат – изјави Луиза Винтон, претставник на УНДП.

Манифестацијата е во рамките на проектот Општокорисна работа заедно со лицата со попреченост во Општина Куманово, а на која работат голем број волонтери.
Партнери на овој проект се УНДП и министерството за труд и социјална политика преку центар за социјална работа , агенција за вработување и општина Куманово. Ангажирани се десет лица од кои седум во дневни центри и тројца дефектолози во рамки на училиштето „11 октомври“. Тие добиваат работен ангажман додејка пак лицата со попреченост добиваат континуирано образование – изјави Ивана Костовска, координатор на проектот.
Трети декември е Меѓународен ден на лица со попреченост и поради тоа волонтерите и организациите го нагласуваат денот со цел да се нагласи еднаквоста на овие лица со останатиот дел од општественото живеење.


