Лицата со оштетен слух добија пакетчиња од општината (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Членовите на Здружението за глуви и наглуви лица денеска ја почувствуваа новогодишната магија, откако во нивните простории ги посети градоначалникот на Општина Куманово во придружба со Дедо Мраз.

Ова здружение на глуви и наглуви е регионално, има негде околу 350 членови. Денеска сум тука оние кои се во можност бидејќи некои се на училиште, некои се на работа, поделивме негде околу 24 пакетчиња на деца глуви и наглуви, со таков хендикеп и го опфативме целиот социјален пакет оваа година – изјави Дамјановски.

 

Новогодишната магија ја почувствуваа лицата со оштетен слух, благодарение на акцијата на локалната самоуправа за доделување новогодишни пакетчиња за сите социјални категории.

Се заблагодарувам од глувите лица што им доделивте пакетчиња и сум многу задоволен. Денес израдувавте многу деца и глувите лица и затоа ви благодариме – изјави Мустафа Бекировски, претседател на Регионалното здружение за глуви и наглуви.

 

По доделувањето на новогодишните пакетчиња во здружението, одбележувањето на новата година продолжи со целодневната забава на дневниот плоштад, а утре ќе заврши со пуштање во употреба на Занатскиот дом, каде ќе се одржи и свечен коктел за новинарите.