Лица од Скопје и Виница краделе од деловни објекти во Куманово

Сподели со своите пријатели

Две лица, едно од Виница и друго од Скопје, биле приведени ноќеска под осмнение дека краделе од деловни објекти во Куманово.

Loading...

– На 16.01.2024 во 02.40 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода О.И.(30) од Виница и Д.Д.(32) од Скопје, информираат од кумановската полиција.

Како што појаснуваат оттаму, тие се сомничат дека со употреба на сила влегле во повеќе деловни објекти во Куманово и одзеле различни предмети.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дедо допирал по тело малолетно девојче од Куманово

Никола Ивановски