Либанската армија ликвидираше тројца најбарани дилери на дрога

Сподели со своите пријатели

Армијата на Либан објави дека ликвидирала тројца дилери на дрога кои се меѓу најбараните во таа земја.

Loading...

Во соопштението се истакнува дека убиените дилери биле вмешани во убиствата на припадници на либанската армија.

Дилерите биле убиени во престрелка во североисточниот град Баалбек, додека армијата бркала автомобил во кој се наоѓале тројца либански државјани.

„Тие биле меѓу најбараните и најопасните дилери на дрога“, објави либанската армија, додавајќи дека тројцата убиени биле вмешани во вооружени напади врз воени пунктови и патроли, но и во киднапирања и кражби.

Еден од нив имал издадени 115 налози за апсење и бил вмешан во киднапирањето на саудиски државјанин во Бејрут во 2023 година, изјавија судски службеници кои побараа да останат анонимни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Десет лица загинаа во големите поплави во Кина

Либанската армија е слабо финансирана и се бори да го наметне своето присуство низ целата земја, вклучително и порозната граница со Сирија, преку која со години се одвивал богат шверц на оружје, дрога, главно канабис и каптагон, стимуланс сличен на амфетамин.