Либан погоден од земјотрес

Сподели со своите пријатели

Областа околу Либан денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 18 километри и на 77 километри од Бејрут.

Досега нема извештаи за материјална штета или повредени.

Не е издадено предупредување за цунами.

Според очевидци, објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот не траел долго и не бил премногу силен, а бил почувствуван и во Израел, Сирија, Јордан и Турција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено