Др. Стив Фолкнер, истражувач од Универзитетот „Loughborough“ дошол до заклучок дека капењето во топла купка исто така е корисно за здравјето како и физичката активност. Тој тврди дека ја подобрува состојбата на пациентот со дијабетес тип 2.
Лекарот Стив вели дека „пасивното загрејување“ на телото во топла купка не е само пријатно за опуштање на телото, туку купката може да го стабилизира нивото на шеќер во организмот и да согори пристојна количина на калории.
Студијата опфаќа 14 луѓе кои секој ден поминувале по еден час во када со температура на вода од 40 степени, додека другите испитаници тренирале на собен велосипед во исто време.
Иако е логично и очекувано дека вежбањето на собниот велосипед согорува повеќе калории, топлата купка може да замени половина час пешачење. Покрај тоа, шеќерот во крва е за 10% понизок отколку при вежбање. Истражувачот додава дека оваа пасивно загрејување на телото кое доаѓа при купката како кардио тренинг и има силни анти-инфламаторски дејства, што посебно е корисно за лицата кои патат од хрночни заболувања како на пример дијабетесот.
Loading...